Кристи Мичел ја создава серијата фотографии “Wonderland” (“Земјата на чудата”) во спомен на мајка си, која умира од рак во 2008 година. Таа започнува со работа на проектот во текот на летото во 2009 година и повеќе од 5 години продолжува да ја надградува својата фото-серија.
„Мајка ми беше учителка по англиски јазик и литературата беше нејзината страст. По нејзината смрт поминав тешка депресија и се најдов во едно алтернативно постоење низ објективот на мојот фотоапарат. Ова бегство прерасна во концептот за создавање на необјаснета книга со раскази, без зборови, посветена на мајка ми, за да повторам фрагменти од приказните кои таа ми ги читаше, додека бев дете “- раскажува Кристи Мичел.