Вода откриена на астероид за првпат

Повеќе...Долго време науката се обидува да докаже, најде и утврди вода во вселената. Најновото откритие ни дава малку поубава претстава за сето ова. Имено, за првпат е пронајдена вода на астероид – откритие кое може да ја смени нашата претстава за потеклото на водата.

Долго време науката се обидува да докаже, најде и утврди вода во вселената. Најновото откритие ни дава малку поубава претстава за сето ова. Имено, за првпат е пронајдена вода на астероид – откритие кое може да ја смени нашата претстава за потеклото на водата.

Вода беше забележана на орбитирачки астероид за прв пат, според едно проучување на астероидот познат како 24 Themis, кој изгледа дека е покриен со мраз.

Изјавуваме дека првпат забележавме вода, мраз и органски молекули на астероид – и сето тоа на ист астероид “ – вели Хумберто Кампинс од Универзитетот на Централна Флорида, лидерот на еден од тимовите.

nasaNAS121264114168481-300x168

Двата тима го користеа инфрацрвениот телескоп на НАСА во Хаваи за да гледаат како сончевата светлина се рефлектира од астеродиот на различни бранови должини, откривајќи ја водата. Кога поблизу ќе се проучат слични астероиди (нешто што можеби НАСА ќе предложи), тоа ќе помогне да се види дали водата што ние ја пиеме или составните блокови на истата се донесени од вакви вселенски карпи.

watery-asteroid-frost-earth-oceans_19619_600x450Астероидите се верува дека се остатоци од планети, некои стари дури и 4.6 милијарди години. За разлика од кометите, кои потекнуваат од позади орбитата на Нептун, астероидите се релативно суви, бидејќи орбитираат многу поблизу до Сонцето. Астероидот 24 Themis орбитира 480 милиони км. од Сонцето. Тој е еден од најголемите астероиди во главниот астероидски појас, кој е помеѓу Марс и Јупитер. Рроднините на 24 Themis се членови на чудна група наречена „главниот појас на комети“. Тие се познати по тоа што имаат гасовити опашки, кои можат да бидат полни со мешавина од лед.

„Откривањето мраз на 24 Themis значи дека астероидот претставува „жив прозорец“ кон раниот соларен систем, во форма на мраз – кој одамна требало да го нема“, вели астрофизичарот Henry Hsieh, од Кралскиот Универзитет во Белфаст.

- Реклама -