Воен пилот сипува вода во превртен авион (видео)

0615ACover2-640x336[1]

Си учел физика, сметаш дека знаеш физика и тогаш мозокот ќе ти види вакво нешто и ќе се изначуди, бидејќи му изгледа како да се прекршени сите нејзини закони. А е баш спротивното; ова се случува затоа што не се. Сипување на вода додека авионот се превртува и лета наопаку е стара фора кај пилотите, ама ова видео е посебно кул затоа што јасно покажува бла бла бла (зашто има подобра резолуција). Пилотов сипува, пие, ја превртува чашата, а не истура ни капка.

Ефектот е баш фраерски, ама како што рековме, нема магии зад истиот. Wired убаво го објасни:

Ако ја гледаш само водата од статична перспектива, на пример од корпата на воздушен балон, ќе видиш дека водата навистина паѓа надолу. Wired вели „паѓа“, а не „се движи надолу“, бидејќи водата всушност може и да се движи нагоре. Штосот е во тоа што дури водата и да се движи нагоре, таа забрзува надолу. И авиното забрзува надолу. Се додека надолната акцелерација на авионот е поголема од таа на водата, водата ќе се движи нагоре во чашата над неа.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -