Воена состојба во Израел: САД испраќаат напаѓачка група носачи на авиони

Ударна група на носачи на авиони на американската морнарица се упати кон источниот Медитеран, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, во моменти кога Израел се подготвува за голема копнена кампања против Хамас во Газа. Остин уште потврди дека САД ќе обезбедат дополнителна помош за Израел.

USS Gerald R. Ford, носач на авиони на нуклеарен погон, ќе биде придружуван од уште две класи на воени бродови на морнарицата – разурнувачи со наведувани ракети и крстосувачи со наведувани ракети, наведуваат американски медиуми.

САД, исто така, преземаат чекори за зајакнување на присуството на борбени авиони во регионот, вклучително и ескадрили F-35, F-15, F-16 и A-10.

Неколку од овие авиони беа испратени на Блискиот Исток во последните месеци како одговор на агресијата на иранските сили низ целиот регион, вклучително и Сирија и Оманскиот Залив.

Воениот аналитичар Марк Стоун во анализа за Скај Њуз наведува дека овој потег демонстрира како САД гледаат на ситуацијата меѓу Израел и Хамас. – Авионот ќе пристигне брзо, но на бродовите ќе им треба повеќе време. Тие ќе мора да поминат низ Средоземното Море до брегот на Израел и Газа, рече тој.

Иако деталите за овој американски потег се уште не се познати, Стоун верува дека помошта ќе опфати и бродови кои ќе можат да ги евакуираат луѓето преку морето.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

„Истите бродови би можеле да се користат за евакуација од Газа. Таму потребата од хуманитарна помош ќе биде поголема, со оглед на тоа што некои луѓе не можат да ја напуштат енклавата“, додава аналитичарот.

Израел досега неколкупати побарал од САД воена помош. Експертите веруваат дека пакетот помош ќе вклучува и ракети кои може да ги користи израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“.

Американските власти се во контакт и со властите во Либан и Египет, со цел на секој можен начин да се обидат да го смират конфликтот што се појавува, наведува Си-Ен-Ен.

Една од причините зошто САД испраќаат бродови во Израел, според аналитичарите, е да ги спречат милитантните групи како Хезболах да ја искористат ситуацијата и да го нападнат ранливиот Израел.

Израел, САД и ЕУ го прогласија Хезболах за милитантна организација.

Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИД) објавија дека започнале нов бран воздушни напади врз Појасот Газа, насочени кон „цели на терористичката група Хамас“.

ИДФ, исто така, соопшти дека нивната морнарица денеска целела голем број поморски позиции на Хамас во Појасот Газа. Беше објавено дека морнарицата користела „прецизна муниција“ истрелана од брод на морнарицата.

Претходно денеска ИДФ објави дека целта им е да ја преземат контролата над целиот Појас Газа и да ги убијат сите терористи на таа територија.

МИА

- Реклама -