
Мал контра-аргумент за тие што ја споредуваат војната со пекол:
Командант Hawkeye: Војната не е пекол. Војната е војна, а пеколот е пекол. И од нив две, војната е многу полоша.
Отец Мулкахи: Како знаете, Hawkeye?
Hawkeye: Лесно, оче. Кажете ми, кој оди во пеколот?
Отец Мулкахи: Грешниците, верувам.
Hawkeye: Точно така. Нема невини набљудувачи во пеколот. E па војната е полна со нив – мали деца, инвалиди, стари жени. Всушност, освен некои расипани копилиња, речиси сите други инволвирани се невин гледач.
Цитат од M*A*S*H
PS. Фотографијата е од американски војник во Фалуџа, позната како „Marlboro Man“. Кога ја пренесоа медиумите во 2004-та, стана симбол за конфликтот во Ирак. Војникот, во меѓувреме, се врати дома во Кентаки, но се бори со демоните на поствоениот синдром.
![Wlydq[1]](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2017/03/Wlydq1-640x448.jpg)



