Волас: НАТО треба да ѝ дозволи на Украина да заобиколи некои од барањата за членство во алијансата

НАТО треба да размисли за заобиколување на барањето за Акционен план за членство за Украина како дел од нејзиниот пат кон приклучување кон алијансата, изјави денеска британскиот секретар за одбрана Бен Волас .

Секој потег за отфрлање или заобиколување на барањата за Акциониот план за членство на Украина, кој има за цел да им помогне на кандидатите да исполнат одредени политички, економски и воени критериуми, може да го забрза нејзиното пристапување.

„Мислам дека апсолутно мораме да го прескокнеме Акциониот план за членство“, рече Волас на заедничката прес-конференција со канадската министерка за одбрана Анита Ананд во Лондон.

Британскиот министер рече дека не може да гарантира целосен договор за чекорот пред самитот на НАТО следниот месец во Литванија, но додаде дека е можно да се отстранат другите пречки за кандидатите да се приклучат на алијансата.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

МИА

- Реклама -