„Волга“-та што е стара 20 години, а чини 17.000 долари (со добра причина)

Неодамна во Русија (во Тјумен) се појави оглас за продажба на добро сочувана ГАЗ-31029 Волга от 1996 година. Се продава за 17.000 долари.

На прв поглед цената е право лудило, но ако се загледате во огласот ќе разберете зошто сопственикот ѝ бара толку висока сума.

Во своите 21 година, Волга-та има поминато одвај 53 километри. Миена е само еднаш, и тоа надворешно. За повеќе немало потреба.

Остатокот од времето е чувана во гаража. Во комплет со колата се продаваат и оригинален комплет алати, како и фабрички раткапни со лого на компанијата.

Да се потсетиме – ГАЗ-31029 Волга, особено вака сочувана, сега слободно може да се смета за колекционерски предмет. Моделот на пазарот е пуштен во оптек во периодот од 1992 до 1997 година. За тоа време беа продадени 530.000 примероци. Има мотор со варијанти од 90 и 150 коњски сили, а купувачот избира помеѓу 4-степен или 5-степен пренос на брзини, соодветно на моторот.

Поентата е, браво за сопственикот, иако можеби треба да ја причува уште некое време, со надеж дека утреден ќе вреди уште повеќе.

 

- Реклама -