Доколку некогаш сте во можност да го посетите Перу, мора да ја истражувате областа Куско.
Бидејќи една од занимливостите на кои можете да наидете е реката „Палкеља Пукамајо“ или уште по позната како Црвена река и може да се види само во сезоната на дождови кога порој на вода го мие речното корито. Бидејќи областа е полна со железен оксид, водата се појавува во црвена или розова боја, во зависност од делот на потокот и количината на железо во водата.
Текот на оваа „сезонска“ река е долг околу пет километри, кога се меша со останатите реки и ја губи својата необична и карактеристична боја.
Ако некој сака да го посети Перу во периодот во кој може да ја види Црвената река, тој треба да биде подготвен за лизгави патишта, поројни дождови, но и на фактот дека многу други знаменитости нема да бидат достапни за туристите поради временските услови.