Волшебни идеи за јули

Летен, шармантен, со мирис на вода и диви јагоди…

Како најубаво да го искористиме овој топол месец?

1. Топло чоколадо со топка сладолед од ванила.  Да се пие секој ден, без ограничување.

2. Фрлање на рамни камења во некоја река за да гледаме како отскокнуваат.

3. Одмор во планината, со шатор, песни крај огнот, нешто вкусно и набрзина приготвено, во друштво на старите пријатели.

4. Скокање на бранови.

5. Јадење шеќерна волна во парк.

6. Исфрлање на старите и непотребни предмети.

7. Возење на детското вовче или количките во парк.

8. Да пиете кафе на отворено, седејќи на големи преници.

9. Да си направите колекција од фотографии.

vintage-balloons-photo

10. Да соберете камења од некое летно патување и дома да ги обоите во шарени бои. Потоа можете да ги подарите на пријатели.

11. Да организирате кратко патување со воз до некој близок град – едноставно одите на железничката станица и си купувате билет.

12. Цел ден за мрза. Да не правите ништо- ниту корисно, ниту работно. Едноставно, ден посветен на одмор.

13. Да направите голем летен пикник, со кошница и прибор,

14. Да легнете на некоја импровизирана лежалка и да гледате во облаци. Колку ли слики можете да најдете во нив?

15. Да се прошетате низ шумата и да ги разгледувате дрвјата, цвеќињата, тревата. Можете да си земете и ботанички атлас, така ќе биде уште поинтересно.

16. Да одите по фестивали. Најразлични – за рок музика, етно музика, за рачна изработка, за туризам… За што и да е!

17. Да одите во селската куќа и да берете боровинки, капини и малини. Или пак да посетите некој пазар и да уживате во вкусот на најприродното.

18. Јадење секакво овошје и овошни салати. Може да подготвите домашен сладолед од банани и било какво други овошје – неповторлив летен вкус.

19. Да носите долги фустани, здолништа со реси или лелеаво цветно. Можете од некоја стара облека да создадете и ваше. Побарајте инспирација во јули.

6f933d218cbd3a3069d0b3fd646b72b3

20. Да носите шешир.

21. Да возите велосипед секој ден.

22. Да собирате секакви билки за зимски чај.

23. Капење! Во базен, во корито, во река, во море, во фонтана, под дождот – каде што сакате.

24. Да заспиете под ѕвездите и да ја слушате ноќта.

25. Да пронајдете нови начини за борба против комарците.

26. Да  читате летни книги.

27. Да си направите отворено кино во дворот и да грицкате пуканки со пријателите.

28. Да направите домашна лимонада со нане, лимон, портокал, ѓумбир. Ммммммм ….!

29. Да возите ролери.

tumblr_lgznui83KR1qh1uwto1_500

30. Да го украсите  вашиот велосипед до цвеќиња

31. Редовно да вежбате некакви креативни методи.

32. Да пронајдете време за нешто што порано сте го обожавале, а веќе одамна не сте имале време да го правите.

33. Да летате змеј.

34. Да си направите хартиено авионче.

35. Да испечете леб од сушено овошје.

36. Да нацртате огромна слика на ѕидот на својата куќа.

37. Да научите да свирите на некој едноставен инструмент.

38. Танц под дождот.

39. Да се шетате по ноќните улици, да го вдишувате ветрот, мирисот на лето и да ја чувствувате слободата.

6ad702ffbaa309fff1c3fd172b2af503

40. Да изедете сами цела лубеница. Не мора одеднаш…

41. Да се искапете ноќе на дворот, само под светлината на ѕвездите, огнот или запалените свеќи.

42. Да се запишете на експресен курс по танго или салса.

43. Да пиете кафе или чај навечер, во дворот, обвиткани во ќебе. Или пак дома, ако надвор врне.

44. Да одите на танцување во градскиот парк.

45. Да се нишкате на лулашки.

46. Да посетиш некој страшен парк и да не стравувате да ги испробате сите работи од кои сте се плашеле – најголемиот тобоган, лудата железница.

47. Да научите нешто. Освежете ја вашата меморија со нешто. Со курс по англиски, на пример.

48. Цел ден да читате книга на ливада во паркот.

49. Да си направите шприцер од бело вино или газирана вода.

cute-drink-nature-photography-summer-Favim.com-135814

50. Да се запознаете со непознати на улица и да поминете некое верем со нив.

51. Да одите на патување во друга земја и да шетате низ малите гратчиња.

52. Или пак одите во главниот град и да го искусите низ забави.

53. Да си ја измиете косата со вода во која се пливале цветови од камилица.

54. Да напишете писмо, да го ставите во шише и да го фрлите во морето или во реката.

56. Да посветите една вечер правејќи го вашето омилено јадење за пријателите.

57. Да пробате нови рецепти за ладна супа.

58. Да подготвите коцки мраз со ливчиња од роза за да ги користите во зима.

59. Да пливате до изнемоштеност и да се  одморите на жешкиот песок.

60. Да ја сликата бојата на природата.

61. Да пронајдете некое непознато место во градот и да го запознаете детално.

62. Повеќе да се смеете на сонцето и летото.

frozen-samme-mejias-8

- Реклама -