Ворен Бафет одговара: Како е да имаш 74 милијарди долари?

Ретки се тие што не сакаат пари. Не дека пари можат да ти купат среќа (барем така ни кажувале), ама можат да ти купат малку мир (барем така ни кажувале). Но, колку пари ти требаат на сметка за еднаш засекогаш да заборавиш на сите свои финансиски грижи? Еден милион? Десет милиона?

Истражувањето на UBS вели дека милионерите го сметаат износот од пет милиони долари како минимум што ти е потребен за да се сметаш за богат. Кога имате 100 милиони долари, прашањето изгледа смешно. А што да речеме ако имате речиси 74 милијарди, како Ворен Бафет?

Кога го прашале што значи да си супер богат, Бафет – човекот познат по својот голем оптимизам, дал неочекуван одговор:

Прочитајте и:  Ворен Бафет се реши на радикален пресврт и предизвика општа паника: „Дали тој знае нешто што ние не знаеме?“ 

„Парите не го менуваат човекот, туку само му помагаат да биде повеќе свој, повеќе себе“, пишува Business Insider.

„Ако сте измамник и заработите големо богатство, ќе станете уште поголем измамник. Ако сте скржавец и добиете многу пари, ќе станете уште поголем скржавец. Но ако сте дарежлив, ќе станете уште подарежлив. Ако сте среќен, ќе станете уште посреќен.

Сметам дека парите и возраста само повеќе ве туркаат во насоката кон која сте почнале. Има и исклучоци, но сметам дека тоа важи за повеќето случаи“, вели Бафет.

- Реклама -