На 6 ноември 2024 година, околу 23:50 часот, кај местото Здуњска крстосница во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Л.Ј. (20) од Гостивар.
Лицето претходно неколкупати не застанало на знак за запирање даден од полицијата. Пред влезот на Гостивар, од возилото „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми.
Тој е задржан во полициска станица и, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, соопштува СВР Тетово.