Возење по највозбудливиот пат во Норвешка

shutterstock_287973932[1]

Atlantic Ocean Road не е долг – само 8.3 километри, но ова парче норвешки пат има репутација на најопасниот во Норвешка.

attachment-image-d3389ada-a9cd-4577-91b6-81b6979b1f98[1]

Изграден во 1980-тите, Атлантик Оушн Роуд и неговите благо речено возбудливи 8 мостови, неколку брани и надвозници, достигнаа статус на една од најпопуларните туристички атракции во земјата.

219[1]

Атлантик Оушн Роуд поврзува „ланец“ од норвешки острови, поточно островите на архипелагот Еиде, и притоа изгледа како да го „задушува“ морето. За време на конструкцијата на патот, проектот се соочил со 12 силни бури – како на морето да не му се допаднала идејата да поминува пат низ неговиот простор.

317[1]

Сепак, човек како човек – нема да отстапи пред природата, па веќе во 1989-та патот бил отворен за патниците. Патем, првично бил замислен како железничка пруга, но заради комплексноста на поставувањето на пруга во таквите услови и терен, одлучено е дека автопат ќе биде подобрата варијанта.

_d=64&p=10333&t=4&[1]

Атлантик Оушн Роуд, кој во многу нешта потсетува на ролеркостер, на почетокот бил пат со патарини. Но во меѓувреме самиот се има исплатено, па денес врие од илјадници мотористи и мотоциклисти кои ја возат рутава не затоа што мораат, туку за да ги доживеат адреналинските кривини, твистови и извонредните глетки.

maxresdefault[1]

Кога времето е убаво, можете да забележите китови и фоки, но за многумина, особено за фотографите, Атлантик Оушн Роуд е најпривлечен кога има (блага) бура и морето збеснува.

1213[1]

attachment-image-f2681612-d9b2-4cde-845c-79b3aca4cdaf[1]

Норвешка го има прогласено за официјално културно наследство, и за „национална туристичка рута“. Сепак, најголемото признание Атлантик Оушн Роуд доби кога беше прогласен за „норвешка конструкција на векот“.

614[1]

916[1]

516[1]

Picturesque Norway landscape. Atlanterhavsvegen

attachment-image-6422ec45-e982-4f7c-8450-2d333e00e1a8[1]

1511[1]

- Реклама -