„‘Вреди‘ ќе го реши овој проблем со нив закон на кој веќе се работи. Да потсетиме дека принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот на Република Сееверна Македонија и тој не може да биде оспорен и поништеен дури ни од страна на Уставниот суд. Во десетици и десетици, можеби и стотици материјални закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците“, велат од коалицијата
Оваа одлука е инспирирана од очигледната потреба на криминалните структури на претходната власт за создавање на меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи на државата. Ова е денешната рекација на коалицијата „Вреди“ за одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка и оценување на уставноста и замрзнување на т.н. „балансер“, како алатка за вработување на припадници на немнозинскитее етнички заедници во јавната администрација.
„Сите судии без исклучок или каква било припадност се избрани со гласови на ДУИ во претходните мандати. ДУИ давала поддршка на сите оние што денес поведоа постапка против т.н балансер“,
се вели во соопштението од „Вреди“.
Оттаму посочија дека веќе работат на решавање на проблемот со правичната застапеност на Албанците во институциитее, но на адекватен систематизиран и кодифициран начин.
„‘Вреди‘ ќе го реши овој проблем со нив закон на кој веќе се работи. Да потсетиме дека принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот на Република Сееверна Македонија и тој не може да биде оспорен и поништеен дури ни од страна на Уставниот суд. Во десетици и десетици, можеби и стотици материјални закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците“,
велат од „Вреди“.
Смеетаат дека денешната одлука нема да смени ништо од правата на Албанците, но, како посочија во реакцијата, ја покажува лошата намера на оние што ги избраа овие судии во Уставниот суд.
„ДУИ не ги решаваше проблемите на Албанците, немаа време, беа посветени на своите бизниси, теендери, коцкарници, трговски центри, градежни фирми. ДУИ правеа криминал“,
велат од коалицијата „Вреди“.
Уставниот суд денеска на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата, што е потребно за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за административни службеници во пријавата за вработување меѓу другите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.
Според претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, Дарко Костадиновски, само мерит-системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.
„Ниту даваме ниту укинуваме некои права. Клучно е да одлучиме дали оспорените одредби се согласно Уставот, а на законодавецот е да најде начин да го операционализација тоа“,
рече Костадиновски.
Националноста, додаде тој, е приватно, лично и внатрешно чувство на припадност на поединецот. Костадиновски потсети дека Уставниот суд веќе донел одлука и тие како уставни судии кажале дека е лично право „да ја изразам, да не ја изразам или да се воздржам“ за националната припадност.
По сопствена иницијатива, Костадиновски му предложи на судот да поведе и постапка и за регистарот, „балансерот“ и носењето годишни планови за вработување во јавната администрација.