Верувале или не истражувачи од Велика Британија се обиделе да одговорат на ова прашање.
Имено во истражувањето кое било спроведено со помош на електромагнетни инструменти кои го скенираат мозокот и срцето, британските научници откриле дека една насмевка може да пружи исто ниво на мозочни стимулации како и 2.000 чоколади, односно како да примате околу 20.000 евра во готово.
Но, износот на уживаето зависи од тоа кој ви се насмевнува: детските лица или славните личности имаат подобро влијание од политичарите или членовите на кралското семејство. Додека насмеввката на детето се изедначува со 2.000 чоколади или 16.000 фунти, насмевката на саканата личност изнесува околу 600 чоколади или 8.500 фунти. Насмевката на пријателите вреди 145 фунти, или околу 20 чоколади.
Истражувањето покажало и дека големи се шансите насмевката да создаде краткорочно уживање кое е посилно од сексуалното, шопингот или конзумирањето на чоколадо, цигари, кафе…
Клиничките тестови ги анализирал психологот др. Дејвид Луис кој изјавил:
„ Силните емоции се активираат кога некој кој го сметаме за важен во животот ни се насмевне, а ние му возвратиме со насмевка. Во нашиот мозок ова ја менува хемијата. Тоа создава нешто што се нарекува „ало“ ефект, кој ни помага да се сетиме на други среќни настани, а со самото тоа да бидеме повеќе оптимистични и мотивирани“.