Вредноста на „Твитер“ (сега „Х“) намалена за 71% споредено со кога ја купи Маск

Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата.

Заедничкиот фонд Фиделити, што поседува удел во платформата „X“, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот сајт Aксиос дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на платформата сега е околу 12,5 милијарди долари.

Фондот соопшти дека до ноември минатата година вредноста на неговите акции во платформата „Х“ паднала за 71,5 отсто откако Маск ја купи социјалната мрежа, објави Гардијан.

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври 2022 година, а името на платформата го смени во „Х“ во јули оваа година.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Бројот на месечни корисници на платформата „Х“ падна за 15 отсто во првата година откако Маск ја презеде функцијата поради загриженоста за порастот на говорот на омраза на платформата. Од преземањето, Маск отпушти најмалку 50 отсто од вработените.

- Реклама -