Се чини, нашите деца и внуци ќе живеат во вистински пеколни горештини, многу пожешки од овие денешните.
Ако се суди по овие мапи на НАСА, планетата ќе стане навистина многу жешка до крајот на векот. Научниците од агенцијата извршија компјутерски симулации врз основа на 11 тарабајти податоци и дата, во обид прецизно да ја предвидат светската клима, притоа вклучувајќи и параметри како концентрацијата на гринхаус гасови, температурата и количината на врнежи.
Така, на пример, во Јули 2100-тата, Македонија и делови од Балканот можат да очекуваат просечни дневни температури од 45° Целзиусови, исто како и делови од Јужна и Централна Америка (каде моменталниот просек е нешто помалку од 39° Целзиусови). Жителите на Јужна Америка, Африка и Индија ќе бидат во незавидна позиција.
Во голема мера, за ваквите горештини ќе придонесе и количеството на јаглероден диоксид во атмосферата. Во моментов, концентрацијата на CO2 во атмосферата изнесува околу 400 делови на милион, т.е. 0.04 проценти. НАСА предвидува дека до 2100-тата, овие бројки ќе се дуплираат, а концентрацијата на CO2 ќе достигнува до 935 делови на милион, т.е. речиси 0.1 проценти од составот на атмосферата.
Оваа симулација е најновиот продукт на NEX (Nasa’s Earth Exchange) – голема истражувачка платформа под капата на насиниот суперкомпјутерски центар. Симулацијата ги прикажува глобалните промени кои настануваат како резултат на зголемување на нивото на CO2, а со тоа ни овозможува појасен увид во предизвиците што ја очекуваат планетата, како и подобро планирање во однос на борбата за зачувување на нашата иднина.