Поради нејзината огромна заработувачка, таа веќе еднаш заврши под истрага.
Веќе долго време е една од најплатените супермодели во светот, но оваа година Жизел Бундхен ги надмина сите очекувања.
Имено, како што пишува Вог, Жизел заработила 47 милиони долари во последните 12 месеци, односно, секој ден заработувала по 128 илјади долари.
Кон тоа придонесоа бројните кампањи и соработка со славни брендови и дизајнери, како што се H&M, Шанел, Луис Витон и други.
„ Жал ми е што луѓето пишуваат за мојата банкарска сметка, а немаат точни податоци. Вистина е дека заработувам многу пари, но не толку колку што пишуваат медиумите“, изјави во неодамнешно интервју славната манекенка.