Некои луѓе целиот свој живот му го посветуваат на сексот. Станува збор, се разбира, за стручњаци од областа на сексот. Сите тие после различни истражувања, учат многу нови работи и откритија. Иако некои работи се чинат како основа која секој би требал да ја знае, тие сметаат дека баш тие основи треба често да се нагласуваат.
Со вежба до совршенство
Kayt Sukel, авторка на Dirty Minds, веќе со години се бави со проучување на сексот и сексуалноста. Нејзиниот совет е многу едноставен – вежбајте, вежбајте и вежбајте!
– Се стимулирав сама себеси додека ми правеа магнетска резонанца. Го правев тоа за да видам како мозокот изгледа за време на оргазам. Додека се подготвував мислев дека нема да можам да го изведам сето тоа во комплицираната машина, па затоа вежбав. Можам да кажам дека навистина се усовршив. Ова го кажувам затоа што и за задоволството, како и за останатите работи во животот, потребно е трпение, но и пракса. Затоа, вежбајте – порачува таа.
Немаат сите совршени сексуални животи
Anne Semans, директорка на маркетинг во компанија која продава играчки за возрасни, тестирала интимни огласи цели 20 години.
– Немојте да мислите дека сите имаат подобри сексуални животи од вашиот. Штом луѓето дознаат со што се занимавам, веднаш ми поставуваат прашања како – мене воопшто не ми е потребен секс, што можам да направам за да го променам тоа? Луѓето мора да сфатат дека голем е бројот на оние кои имаат различни сексуални проблеми. Не е срамота да се зборува за тоа, па затоа дискутирајте со доктори или пријатели за вашите проблеми – гласи нејзиниот совет.
Во ред е да ви се допаѓа порнографија
Sarah Small, фотографка која работи за списанијата Moregasm и Playgirl, и фотографира обични луѓе за време на секс, ги советува жените слободно да се опуштат кога станува збор за порнографијата.
– Би сакала да им порачам на жените дека им е дозволено да им се допаѓа порнографијата. Многу жени се срамат тоа да го признаат, но ако интимноста помеѓу маж и жена е прикажана реално и на убав начин, тогаш нема ништо лошо во тоа на жените да им се допаѓа. Би сакала само жените да престанат да се доживуваат како ненормални ако понекогаш уживаат во порнографија – категорична е Small.
Запознајте го своето и телото на партнерот
Сексологот Tracy Cox, автор на неколку успешни книги за секс, смета дека е многу важно жените да ги запознаат своите тела, но и телата на нивните партнери.
– Кога зборуваме за сексот, телото е основата, оној прв чекор кој мора да го совладате. Како можете да очекувате врвни сексуални искуства ако не го познавате сопственото тело? Секако, подеднакво е важно да го познавате и телото на партнерот за да знаете каде и како треба да го допирате. Би се изненадиле колку жени го прескокнуваат тој дел од сексуалноста. Значи, од круцијална важност е да го запознаете своето тело, а и телото на вашиот партнер ако навистина сакате да доживеете врвно сексуално задоволство – нагласува Tracy Cox. [Kako do vrhunskog seksualnog užitka?]