Аристократскиот Aston Martin DB9 е репер за дизајнот на најновиот проект на руската компанија Cardi. Таа се обидела да го модифицира дизајнот на каросеријата на познатиот модел и со тоа да понуди нешто ново на пазарот на спортски луксусзни изведби.
Проектот е во прилично напредна фаза, а во Cardi се подготвени со завршен 3D прототип. Тој е наречен Concept 442 и е толку променет што тешко може да биде пронајден зачуван детал од оригиналот. Новите форми на британскиот автомобил потсетуваат на јахта на пат, а од информациите на Cardi, линиите се максимално „чисти“ и остри, па треба да признаеме дека руските дизајнери се справиле навистина добро со оваа креација и нудат вистинско ремек дело. Меѓу белегот на Concept 442 се отстранети B-носачот, како и целосно класичниот покрив. Внатрешноста исто така е целосно нова, а во моментот е јасно дека дизајнот ќе ја следи надворешноста и ќе нуди дури повисок луксуз од оригиналот DB9.
Преработка се подготвува и за погонскиот систем, но во моментот нема информации за тоа. Се дозанава само дека моторот ќе биде V12. Concept 442 треба да биде завршен оваа година, кога ќе бидат објавени цените.