Вселената нé поздрави со шест мистериозни сигнали

Телескопот Грин Бенк

Од соѕвездието „Кочијаш“, оддалечено околу три милијарди светлосни години, стигнаа шест нови мистериозни сигнали, јавуваат научниците.

Иако постојат мислења дека кратките радио-бранови би можеле да се природна астрофизичка појава, некои од научниците сметаат дека не треба да се исклучува можноста дека нивните „автори“ се всушност технолошки напредни вонземјани.

Предлог нова узречица: „Праќа сигнали како Кочијаш“

Низата од шест сигнали, од кои секој трае по неколку милисекунди, е откриена од астрономите од универзитетот Мекил во Монтреал, со помош на телескопот „Грин Бенк“ во Западна Вирџинија и опсерваторијата Арецибо во Порторико.

Во студијата неодамна објавена во магазинот Astrophisical Journal, по повод регистрираните сигнали, Паула Схолза пишува:

„Откривме шест дополнителни избиви на радио-сигнали од овој извор: пет со помош на телескопот Грин Бенк на 2 гигахерци, и еден на 1.4 гигахерци од опсерваторијата Арецибо, што е вкупно 17 сигнали од истиот извор“.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

 

- Реклама -