Втор уписен рок за студирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“од Битола денеска и во понеделник ќе го реализира вториот уписен рок за студенти бруцоши.

Во вториот уписен рок огласени се 1612 места, а од нив 697 за државна квота, 582 за студирање со кофинансирање и 333 за вонредни студенти.

Слободни места за упис има во сите универзитетски единици и на сите струки и насоки за студирање во Битола, Скопје, Прилеп, Охрид, Велес и Кичево.

Од УКЛО-Битола информираат дека доколку има слободни места, на универзитетските единици на 24 септември ќе биде организиран и трет уписен рок. мт/бак/Фото: МИА .

Извор: МИА

Извор