Втората светска војна „проголтана“ од дрвјата во Русија

Војната е веројатно една од најгрдите работи кои човечката раса ги има предизвикано. Овие фотографии кои сведочат за Втората светска војна, покажуваат остатоци од воената опрема, проголтани од дрвјата и растенијата во областа Невски Пјатачок во Русија.

Поголемиот дел од предметите претставуваат дел од руското и германското оружје, користено при страшната опсада на германската армија врз Ленинград. Во обид за обновување на комуникацијата со опседнатиот град, загинаа 260.000 советски војници и 160.000 германски кои се обидуваа да ги спречат.

Ненамерно, но овие фотографии покажуваат дека војната и природата не одат заедно, и дека без разлика на тоа колку времето ги лечи раните за луѓето, сепак природата тешко заздравува од ваквите лузни. Погледнете ги овие навидум обични, но сепак, моќни фотографии.

ww2-weapons-helmets-stuck-in-trees-7 ww2-weapons-helmets-stuck-in-trees-2 ww2-weapons-helmets-stuck-in-trees-6ww2-weapons-helmets-stuck-in-trees-1

- Реклама -