Вучиќ: Бугарите негодуваат зашто сме попопуларни од нив во Северна Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Бугарите негoдуваат бидејќи Србија е попопуларна од нив во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ гостувајќи на ТВ Пинк говорејќи за односите во регионот изјави дека мисли „оти односите со Црна Гора се нешто подобри од порано, со Унгарија и Северна Македонија најдобри во историјата и дека Бугарите ни замеруваат затоа што сме попопуларни од нив во Северна Македонија“.

-Со Албанија имаме пристојни односи колку што е можно. (Премиерот Еди) Рама не беше на неодамнешниот саем за вино, но беа албански претставници и некои од нивните вина добија награди. Нивните сорти вино се интересни, не ги сакам овие светски вина. Ги сакам сите вина на нашите браќа Македонци. И ‘Плантаже’ направи едно добро вино – изјави Вучиќ.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Вучиќ синоќа изјави дека односите со Хрватска ќе бидат подобри кога ќе сфатат дека Јасеновац е срам, а не нешто што треба да се заборави.

Тој рече дека не сака да го коментира протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија и дека тоа е работа на надлежните органи.

-Не го ни спомнав тоа и не сакав да зборувам за тоа, бидејќи мислев дека тоа е прашање на професионален однос. На две сериозни служби како Српската и Хрватска, изјави Вучиќ.

МИА

- Реклама -