Вучиќ ќе ја вакцинира цела Македонија, бесплатно

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска побарал од српската Влада да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на С. Македонија, објави „Б92“.

Според информациите на порталот, македонските државјани ќе можат да се вакцинираат со било која од достапните вакцини, по сопствен избор, како што од вчера важи и за сите граѓани на БиХ, кои можат да се вакцинираат било каде и било кога во Србија, бесплатно, притоа добивајќи соодветен сертификат.

„Македонските државјани можат потполно бесплатно да се вакцинираат и да добијат сертификат за тоа, како и граѓаните на Србија“, изјавил Вучиќ, потенцирајќи дека Србија има доволно вакцини, како и дека во последните 20-тина дена успеала да вакцинира околу 630-640 илјади граѓани.

- Реклама -