Вучиќ: Не смееме да ги потцениме заканите од Западот

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на седницата за извештајот за напредокот на преговорите со Приштина, денеска изјави дека геополитичката ситуација за Србија никогаш не била понеповолна и дека не треба „да се потценуваат потенцијалните закани што доаѓаат од Западот“.

„Ова не е прашање на љубов или идеологија, ова е прашање на опстанокот на нашиот народ и опстанокот на нашата земја“, рече Вучиќ во одговор на прашањата на пратеникот на „Двери“ – Иван Костиќ.

Костиќ го праша претседателот Вучиќ дали верува дека постои можност државата да донесе нова платформа за преговори со Пришптина.

Според српскиот претседател, „геополитичките околности за Србија се полоши отколку што биле во изминатите десет или 15 години“.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

МИА

- Реклама -