Вучиќ: После политиката, сакам да бидам тренер по кошарка

Во интервју полно со пофалби за српскиот претседател, Александар Вучиќ за српски „Курир“ открива која му била и сѐ уште му е најголемата желба.

Прашан дали има некаков сон, нешто друго со што би се бавел кога и покрај сите успеси би можел да се врати во времето, Вучиќ без многу двоумење одговара:

„Би се обидел да работам внимателно. Некоја моја неисполнета желба е да тренирам некои клинци. Некој клуб,  земунски „Младост“ или некој од Ушче. Некои пионери или кадети, клинци. Тоа ми е најголема желба!“.

Прашан дали имал големи амбиции, за некој голем клуб, Вучиќ негира:

„Не, само мал клуб. Не постои ништо поубаво отколку кога сабота и недела ги поминувате со млади играчи, со некои деца кои можете нешто да ги научите. Но, за тоа морам да запишам Виша тренерска школа, па тоа ми е план во наредниот период. Можете да следите и како ќе ги полагам испитите. Само што сега ми имаат кажано дека тука има некои проблеми, поинаку е тоа сега од тоа како некогаш било. Нешто од тој тип би запишал, па ако успеам во тоа, можеби еден ден ќе го остварам својот сон“, вели српскиот претседател.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Инаку, тој и порано ги има покажано своите кошаркарски квалитети. Фотката зборува повеќе од зборови:

 

- Реклама -