Вучиќ до Заев: Знам дека утре официјално поднесуваш оставка, сакам да ти се заблогадарам за сѐ што направи

„Му благодарам на Зоран Заев и Еди Рама, на храброста да влеземе и да направиме најдобра иницијатива која ќе го смени лицето на Балканот, од чие име не се срамиме, иницијатива која ќе донесе многу добри работи за нашите граѓани“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Тирана на Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

„Јас со наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, разговарав, каде тој ми посочи пример за еден негов роднина, која работел за германска фирма во Краљево, каде ние моравме секој месец да му издаваме пет разни дозволи, да го малтретираме човекот… Повеќе тоа нема да биде. Ако имате работна дозвола во Краљево и Белград, со тоа ќе имате работна дозвола да работите и во Скопје и во Тирана. Со тоа завршивме и со бирократските препреки“, изјави Вучиќ.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Тој му се обрати на премиерот Заев, изразувајќи му благодарност.

„Тебе многу ти благодарам за сѐ, на огромниот труд, иако знам дека утре официјално поднесуваш оставка, сакам да ти се заблогадарам за сѐ што направи и за пријателството меѓу Србија и Северна Македонија, за трите земји, на што работеше и градеше, и да му посакам добредојде на господинот Ковачевски“, изјави Вучиќ, најавувајќи нов самит на Отворен Балкан во мај или јуни во Белград.

МИА

- Реклама -