Western Digital наскоро ќе понуди хард дискови исполнети со хелиум

Western Digital планира да лансира нов серија дискови исполнети со хелиум. Целта на овој додаток во дизајнот е да се намали триењето во внатрешноста со што ќе се овозможат поголеми брзини.

PC World известува дека хелиумот толку го намалува внатрешното триење во дисковите што истите имаат работна температура која е неколку степени пониска од „најстудените“ дискови со 7200 вртежи во минута кои се моментално достапни.

Ова значи дека тие користат 23 проценти помалку енергија што ќе овозможи инсталирање на седум дискови во еден компјутер наместо сегашниот максимум од пет. Тоа претставува скок од 40 проценти во потенцијална меморија. Компанијата очигледно работела на овој новитет долго време, при што најголемиот проблем бил наоѓањето на начин за спречување на истекување на хелиумот од направите.

Сега тие нашле решение и како дополнителен бонус, херметички затворените дискови можат да бидат употребени во поекстремни услови. Според PC World, Western Digital очекува да започне со продажба на овие нови дискови во текот на наредната година. [Helium-filled WD drives promise huge boost in capacity]

- Реклама -