Wham!, сепак, нема да се обноват

Иако британските медиуми деновиве шпекулира дека групата Wham!, позната по еден од најголемите божикни хитови, повторно се враќа на сцената, ПР-от на Џорџ Мајкл ги негираше овие информации.

– Џорџ Мајкл е на индивидуална турнеја и промовира нов албум. Враќањето на Wham! e, за жал, само дезинформација – изјавило лицето за односи со јавност на Мајкл.

Daily Mirror неодамна соопшти дека двоецот составен од Џорџ Мајкл и Ендру Риџелеј, што краткотрајно владееше со поп-сцената во осумдесетите години на минатиот век, сериозно размислува за свое музичко враќање.

Весникот истакна дека идејата на Wham! е да се обноват за еден голем концертен спектакл, а според анонимниот извор што го цитира весникот, подготовките за конертот, иако се во рана фаза, веќе сериозно преминуваат во  дело.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

Поминаа 30 години откако бендот ја сними првата песна, а постоеја гласини за нивно враќање и во 2006 година.

{youtube}E8gmARGvPlI{/youtube}

- Реклама -