Microsoft полека објавува нови вести за Windows 8. Најновата информација е дека Windows 8 ќе биде пуштен во продажба на 26 октомври.
По овој датум Windows 8 ќе биде достапен во сите нови компјутери и ќе може да биде купен преку програмите за апдејт на Microsoft. Претставници на Microsoft вчера го објавија датумот на Microsoft Global Exchange Conference во Атланта.
Windows 8 ќе биде достапен за производители во првата недела на август заедно со Windows Server 2012 и Visual Studio 2012. Но Windows Server 2012 нема да биде достапен за муштериите дури до септември.
Претставниците на Microsoft минатата недела објавиле дека бизнис корисниците ќе можат да ја добијат конечната верзија на Windows 8 набрзо по неговото пуштање во употреба за производителите, што би било повеќе од два месеци пред пуштање во општа продажба.