X Factor: Тамара Милановиќ го расплака жирито

Тамара Милановиќ со својот настап на X Factor, сосема ја фасцинира публиката, па дури го расплака и жирито со својата неверојатна емотивна изведба на баладата од Адел „Don’t you remember.“
Тамара со потекло од селото Мајур во областа Јагодина, Србија,  прв настап на телевизија ѝ бил пред 12 години каде пеела во дестска емисија. Таа објаснува дека е самоук и никогаш професионално не учела да пее. Сепак, тоа не ја спречи сосема да го воодушеви жирито, кое стана на нозе за неа, па дури и да заплаче Емина Јаховиќ.

tamara ziri x factor

„Ќе умрам ако не кажам… Мене ми се насолзија очите, не поради тоа што е тажна песната, него бидејќи сум во иста просторија со светски талент! Мајко мила, ти си таков скапоцен камен што не е нормално!“ рече Кристина Ковач. По нејзините коментари, Емина едвај низ солзи додаде: „Навистина си феноменална… Незнам што да кажам!“. Јоксимовиќ, исто така, имаше само пофалби: „Сите се наеживме, јас уживав! Толку беше внесена во песната, што не беше свесна дека си во просторијава а тоа е фантастично!“

[youtube]http://youtu.be/DCVicuxxKyY[/youtube]

- Реклама -