XAI денеска го презентираше својот најнов јазичен модел – Grok3. Претставувањето се одржа преку презентација на платформата X, на која присуствуваше и Елон Маск. Тој ја започна презентацијата нагласувајќи ја мисијата на xAI и Grok – стремежот кон подобро разбирање на универзумот, прашањата за постоењето на вонземскиот живот, значењето на животот, потеклото на универзумот и други фундаментални теми. Маск дополнително посочи дека целта на моделот е секогаш да ја открива вистината.




