Xperia Z3 Tablet Compact е најтенкиот и најлесниот таблет во светот

Sony Xperia Z3 Tablet Compact е последниот уред од ѕвезденото трио на јапонската компанија, која беше презентирана на IFA.

Како што  сугерира и самото име, новиот уред е компактен таблет, кој што може да се пофали со неколку рекорди. Xperia Z3 Tablet Compact е најтенкиот, лесен и осветлен 8-инчен таблет во моментов. Да не заборавиме и дека и покрај малата големина, уредот е целосно водоотпорен.

Профилот на Xperia Z3 Tablet Compact е едвај 6,4 мм, токму колку и на 10-инчниот Xperia Z2 Tablet , што ги прави лидери на овој показател. Тежината од 270 грама.

18_Xperia_Z3_Tablet_Compact

Како што рековме, новиот таблет има 8-инчен Triluminos IPS дисплеј со резолуција од 1920 x 1200 пиксели и незаменлива максимална осветленост. Xperia Z3 Tablet Compact го користи процесорот Snapdragon 801 (2.5 GHz) со 3 GB Рам, 16 GB главната меморија и Micro SD слот за до 128 GB картички. Главната камера е 8 мегапикселна (Exmor RS), а предната 2 MP.

Се разбира, како и повеќето производи на компанијата од висока класа и Xperia Z3 Tablet Compact издржува прав и вода со рејтинг од IP58 / 68. Целната цена на таблетот ќе биде прогласена во следните месеци.

- Реклама -