XV Интернационален P.S. Guitar-fest во Крушево

Од 31 мај до 2 јуни во Крушево, во спомен куќата на Тодор Проески, ќе се одржи XV по ред Интернационален  P.S. Guitar-fest.

Манифестацијата со концерт ќе ја отворат Дарко Багески и Дуо Балкан составено од Матеј Детаљ и Луна Пилиќ. Следниот ден, во сабота на први јуни во 20 часот ќе настапат Дејан Лазаеревски и Горан Тонев заедно со Женскиот младински хор Менада, а во недела на втори јуни ќе настапат „Учесниците на летната школа за гитара” под менторство на М-р Васко Пилчев.

Влезот е слободен за сите концерти.

Фестивалот е под покровителство на Министерствоти за култура.

- Реклама -