YouTube и официјално го лансираше Remixer, нов сервис кој ќе им
овозможи на корисниците да ги уредуваат своите видеа директно во
YouTube.
YouTube и официјално го лансираше Remixer, нов сервис кој ќе им овозможи на корисниците да ги уредуваат своите видеа директно во YouTube.
Оваа нова опција е поддржана од Adobe Premiere Express и овозможува drag-and-drop вметнување на графички, текстуални и аудио содржини како слоеви и видео премини. Вашите видеа ќе бидат недопрени и зачувани во оригиналната форма во која сте ги качиле на сајтот.
Интерфејсот е едноставен и лесен за користење, што е добра вест за сите кои сега почнуваат со домашна продукција. [YouTube Remixer]