Факт е дека што и да направи таа цел свет ќе дознае за тоа. Некому ќе му се допаѓа, некому не. Но, погледнете за што оваа пејачка „собра“ 179 000 лајкови на Фејсбук за само 15 часа.
До крајот на годината има уште два месеци, но Бијонсе уште сега го претстави календарот со нејзини фотографии за 2014 година.
32-годишната пејачка го пушти во продажба календарот за 2014 година, кој, претпоставувате, е полн со нејзини заводливи фотографии.
Судејќи според нејзините фанови на Фејсбук, едвај чекаа месеците да им поминуваат со Квин Би „закачена“ на ѕидот.
Календарот е достапен на нејзината страна shop.beyonce.com додека во продавниците ќе се најде од 15 октомври.