Група од експерти имаат развиено технологија за квантна телепортација на информации, врз основа на која што тврдат дека по 20-25 години телепортирањето има големи можости да стане реалност.Според научниците квантите се во можност да ги чуваат сите информации.
Познатиот физичар од Русија, Сергеј Филипов, заедно со колегата Марио Зиман создале механизам за трансфер на многу мали честички, во кои што може да се сместат сите информации. Тие тврдат дека благодарение на овој метод по четвртина век ќе биде можно предмети да се преместуваат од едно место на друго, речиси веднаш.
Во моментов нивната идеја не може да биде реализирана технички, но научниците веруваат дека до 2040 година тоа ќе биде сосема можно.
Прочитај повеќе: Научници постигнаа за првпат одржлива квантна телепортација