За британската кралица, Заев е рамноправен лидер на земја членка на НАТО (ФОТО)

По завршувањето на првиот ден од НАТО Самитот во Лондон по повод 70-годишнината од формирањето на Алијансата, во чија завршна декларација предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добредојдена како 30-та членка, лидерите на земјите членки беа поканети на прием кај британската кралица Елизабета Втора, со која направија и заедничка фотографија.

Заедно со лидерите на земјите членки, на приемот присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кого на фотографијата ќе го најдете рамо до рамо со останатите лидери, веднаш зад (ако тоа нешто значи) Доналд Трамп и бугарскиот претседател Румен Радев.

Во објавата на официјалниот Твитер профил на кралското семејство, пишува:

„Официјална фотографија од Нејзиното височество, Принцот од Велс, Генералниот секретар на НАТО и лидерите на државите и владите од земјите членки кои ја формираат НАТО Алијансата“.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

- Реклама -