За глобалното затоплување виновни се… верверичките

Топењето на пермафростот е сериозна закана за целата планета, бидејќи тоа би значело ослободување на куп отровни гасови во атмосферата.

Ние лаиците претпоставуваме дека хипербрзата индустријализација, растот на популацијата и зголемениот воздушен сообраќај се главните виновници за глобалното затоплување. Некои од научниците пак, сметаат поинаку. Прво беа кравите, кои демек многу „испуштале гасови“ (метан), а сега се на мета верверичките.

Па, што имаат врска верверичките и топењето на пермафростот? Американските научници веруваат дека ефектот на животинскиот свет е целосно потценет кога се работи за проблемите што ги имаме со атмосферата, особено кога се работи за ослободување на јаглеродот од пермафростот (вечен лед), кој се простира на повеќе од четвртина од северната хемисфера.

Тие поминаа 8 дена на североисточен Сибир, проучувајќи ги дувлата на арктичките верверици. Открија дека кога верверичките ги прават своите гнезда во пермафростот, тие ги мешаат и слоевите на земјиштето, со што ја зголемуваат вентилацијата (проветрувањето), влажноста и температурата на земјиштето. Сите овие фактори влијаат на постепеното ослабување на пермафростот, а со тоа и ослободување на органскиот јаглерод заробен под него.

8197226946_317dc2975d_b[1]

Нучничкиот тим планира да се врати во Сибир за да измери колку точно јаглерод ќе се ослободи благодарение на верверичките и нивните дувла во пермафростот.

Сеедно, со интензивирањето на глобалното затоплување и топењето на пермафростот, иднината не ни е светла, не само од аспект на климатските промени туку и од аспект на претстојните промени во екосистемот. И се ова заради арктичките животни…

- Реклама -