За хумани цели: „Гемак трејд” купи маички од Катерина Ивановска

“Гемак трејд”, застапник на “Џони Вокер” за Македонија, како компанија со долга традиција која во континуитет ја демонстрира својата општествена одговорност, откупи повеќе од 50 летни маички од брендот „Парго”, креирани од македонскиот топ-модел Катарина Ивановска. Ова е прва колекција летни маици за младата наша манекенка, а средствата од продажба на маичките ќе бидат наменети за хуманитарни цели во „Катарина Ивановска Фондацијатаˮ, која има за цел директно и индиректно помагање на децата од социјално загрозените семејства.

1
„Со оваа акција сакавме да ја пружаме нашата поддршка, да го дадеме нашиот морален и материјален придонес за социјално ранливите категории на граѓани во нашата земја. Овие убави маички доаѓаат во вистинско време, бидејќи нашите вработени ќе земат учество и на Скопскиот Wizz Air маратон. Ќе продолжиме со вакви и слични акции за поддршка на локалната заедница во коа живееме и работиме.ˮ – изјавија од Гемак Трејд.

- Реклама -