За и против вегетaријанскиот начин на исхрана

Повеќе... Научниците неодамна ни открија дека вегетaријанците се помалку склони кон тоа да заболат од рак. Тоа е добра вест за оние кои избрале таков начин на исхрана, но дали нејадењето месо е секогаш најздравата опција? Погледнете кои се ризиците од вегетaријанскиот режим на исхрана наспроти оној кој вклучува конзумирање на месо.


meso vs vege.jpgНаучниците неодамна ни открија дека вегетaријанците се помалку склони кон тоа да заболат од рак. Тоа е добра вест за оние кои избрале таков начин на исхрана, но дали нејадењето месо е секогаш најздравата опција? Погледнете кои се ризиците од вегетaријанскиот режим на исхрана наспроти оној кој вклучува конзумирање на месо.

Артритис
Ризична група: Оние кои јадат месо
Јадењето големи количини на црвено месо (пет или повеќе порции неделно) е препознатлив ризичен фактор во овој случај. Истражувањата покажаа дека оние кои јадат месо секој ден се двојно повеќе изложени на ризик да ја добијат оваа болест која ги напаѓа зглобовите, одошто оние кои го прават тоа поретко, на пр. два пати неделно. Истражувачите кои ги испитуваа навиките во исхраната на 25,000 испитаници сугерираат дека колагенот во месото предизвикува намалување на имунитетот за ваков вид на здраствени проблеми, а друг можен фактор е и високиот процент на железо во месото, кое се акумулира во зглобовите и предизвикува оштетување на ткивото.
Неплодност
Ризична група: Вегетаријанците
Студиите покажаа дека конзумирањето на големи количини на соја, популарна кај вегетеријаците бидејќи е богата со протеини, може да влијае врз плодноста кај жените. Истражувачите од Лондонскиот Кинг Колеџ, открија дека состојката генистеин која ја содржи сојата ја саботира спермата која плива кон јајце-клетката. Генсистеинот е присутен во сите соја продукти. Истражувачите препорачуваат жените да избегнуваат соја во плодните денови.
Камен во жолчката
Ризична група: Оние кои јадат месо
Една можна причина за формирање на камен во жолчката може да бидат заситените масти кои се наоѓаат во месото. Истражувањата направени врз 45.000 испитаници покажаа дека оние кои јадат месо се за 18% поподложни кон тоа да добијат камен во жолчката одошто оние во чија исхрана повеќе е застапен зеленчукот и незаситените масти. 
Остеопороза
Ризична група: Оние кои јадат месо
Оваа болест на коските е почеста кај жените (една од три жени наспроти еден на 12 мажи). Според истражувањата, конзумирање на големи количини на протеини од црвено месо има негативен ефект врз здравјето на коските. Како што месото се преработува во дигестивниот систем, така се добива вишок од киселини. Овие треба да се неутрализираат со базични минерали, како што е калциумот, кој доколку го нема во доволна количина во организмот, се црпи од коските. Листестите зеленчуци како зелката и кељот се богати со калциум, додека месото  го содржи во релативно мали количини.
Депресија
Ризична група: Вегетаријанците
Еден од најголемите недостатоци кој се појавува во организмот на вегетаријанците е од витаминот B12. Овој витамин кој се наоѓа само во месото, млечните производи и во житарките, е суштински за функционирање на нервниот систем и за растот на клетките. Не се потребни премногу протеини од животинско потекло за да се внесе доволната количина 
на B12, само неколку парчиња месо се доволни за возрасен човек, но недостатокот од овој витамин може да предизвика замор, промени во расположението и депресија.  Конзумирањето на продукти кои содржат квасец може да помогне, иако според нутриционистите месото е најдобриот извор за овој витамин.
Атрофија на мускулите
Ризична група: Вегетеријанците
Атрофија на мускулите е потенцијален несакан ефект поврзан со исхраната сиромашна со протеини, кои се есенцијални за одржување на здравјето на мускулите. Секој кој преминува на вегетаријански режим на исхрана неопходно е да најде соодветна замена за протеините кои се добиваат преку месото. Добар извор на протеини за вегетаријанците е гравот, оризот, брокулата, путерот од кикиритки, сојата или тофуто.
Труење со храна
Ризична група: Оние кои јадат месо
Сировото црвено месо содржи голем број на опасни организми како E. coli, салмонела  и други. Истражувањата покажаа дека најголем дел од луѓето не ги чуваат овие прозводи правилно – на последната полица од фрижидерот за да се спречи капењето врз останатата храна – и 63% од луѓето не ги мијат рацете после контакт со сирово месо, што може да допринесе за пренесување на бектериите.
Дентална ерозија
Ризична група: Вегетаријанците
Дентална ерозија се случува кога киселините доаѓаат во контакт со забите. Овошјето и зеленчукот генерално содржат такви киселини и студиите покажаа дека вегетеријанците во овој случај се на поголем ризик. Методите на готвење исто така можат да ја зголемат киселоста на вегетеријанските јадења, како што се печените зеленчуци. Изложеноста на високи теператури предизвикува хемиски промени при кои киселоста се зголемува што е штетно за забите. Генерално, се зголемува киселоста кај печените пиперки, печениот кромид и модар патлиџан.

- Реклама -