Дали некогаш сте размислувале колку интернет адреси постојат? Одговорот е: многу. Толку многу што интернетот веќе нема место за нив. Но, не грижете се – секогаш има решение.
Дали некогаш сте размислувале колку интернет адреси постојат? Одговорот е: многу. Толку многу што интернетот веќе нема место за нив. Но, не грижете се – секогаш има решение.
Џон Куран, од Американскиот Регистар за интернет броеви, вели дека од 4 милијарди слободни IPv4 адреси само 6% сѐ уште не се доделени. Тој очекува овие 6% да бидат распределени следнава година. Ова е проблем треба да го решат Интернет провајдерите, како и големите Интернет компании, како Google и Facebook. Google, на пример, своите содржини ќе треба да ги пренесува и преку IPv6 и преку IPv4 адресите.
Куран вели дека оваа транзиција се случува бавно. Во јуни, Google одржа IPv6 конференција и на истата, Facebook објави дека започнале со користењето на IPv6. На почетокот на конференцијата, Винт Церф од Google додаде дека би требало сите да се префрлат на IPv6.
Многумина велат дека ова е нешто како милениумската бубачка, па мора да се понудат нови решенија и технологии. Една од нив е NAT (Network Address Translation), технологија која што собира повеќе адреси во една и единствена IP адреса. Но, исто така оваа технологијата „само ја комплицира архитектурата на интернетот“.
Дали е уште еден беспотребен страв или не, заклучокот е дека IPv6 е многу поголема платформа за интернет адресите. Вака или онака, овој чекор ќе мора да биде направен.
[Less Than 1 Year Until The Internet Runs Out of Addresses]
[The Internet’s Running Out of Room]