За прв пат објавени фотографии од Хераклеион

Морските археолози денеска за прв пат објавија фотографии од египетски град потопен пред 1200 години. Зачуван во одлична состојба, градот Хераклеион, кој се наоѓа североисточно од Александрија, бил пристаниште за сите бродови кои пристигнувале од Балканот.

Херодот ги опишал прекрасните храмови на овој потопен град, како и легендата за неговата изградба. Градот бил изграден на местото каде што за прв пат Херакле стапнал на египетско тло. Исто така, Херодот наведува дека Елена од Троја го посетила овој град со нејзиниот љубовник Парис.

Овој потопен град бил откриен во 2000 година од страна на Франк Годио.
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15

Превземено од: MSN

- Реклама -