Академијата за управување со јавни набавки е поддржана од германскиот Хајделберг Факултет и Институт во Скопје и првата македонска банкарска академија АБИТ. Раководител на програмата е д-р Маре Богeва Мицовска
Средба со д-р Маре Богоева Мицовска и Претставникот на германската управа на Хајделберг факултетот во Скопје, проф д-р Синиша Наумоски.
Целата на средбата беше финално дефинирање на соработката околу започнување на Академијата за управување со јавни набавки која Хајделберг факултетот во Скопје, а преку германскиот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје и АБИТ ќе ја реализира во текот на академската 2024 година.
Имено, целата на ваквата соработка е продлабочување на знаењата на лицата одговорни за јавни набавки во институциите, како и сите засегнати страни вклучени во процесот. Покрај д-р Маре Богева Мицовска, како раководител на Академијата во Хајделберг, на листата на експерти ќе се најдат имиња од таа област како што се: м-р Александар Аргировски, м-р Рита Глигоријевска и м-р Александра Петревска.
На средбата се разговараше како со споделување на експертското знаење и искуство, преку едукација на сите засегнати страни вклучени во областа на јавните набавки, да се даде силен придонес за транспарентен, професионален и ефикасен процес на спроведување на јавните набавки во државата. Академијата за управување со јавни набавки ќе отпочне со активности од последниот квартал на годината.
ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ