За првпат: Српската армија ќе вежба заедно со кинеската

Следната година, за првпат, српската и кинеската војска ќе одржат заедничка воена вежба, потврдено е на состанокот на српскиот министер за одбрана Александар Вулин со потпретседателот на кинеската Централна воена комисија – генералот Жанг Јуси (Zhang Youxia) во Пекинг.

 

Како што пренесува српското Министерство за одбрана, соговорниците во Пекинг оцениле дека во овие месец дена по посетата на генерал Жанг на Белград, забележан е „голем напредок на билатерелната воена соработка, која е конкретизирана со нови проекти и планови кои ќе се реализираат во блиска иднина“.

Оценето е и дека воено-техничката соработка се одвива со планирана динамика, а најавено е и дека покрај заедничките вежби, соработката ќе биде развивана и на полето на воената медицина, АБХО (Атомско-биолошко-хемиска одбрана) и сајбер безбедноста.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -