За само неколку дена: Стапката на репродукција на коронавирусот во Германија ја надмина критичната граница

Стапката на репродукција на коронавирусот (R0) во Германија порасна над критичната граница од 1.0, објави во саботата Инститот „Роберт Кох“ (RKI). Тоа значи дека Германија повторно е во фаза кога секој пaциeнт заpaзува, во просек, по најмалку едно лице.

Според најновите проценки на RKI, R0 на вирусот е 1.1.

Германските власти, особено здравствените, постојано предупредуваат дека за сузбивање на епидемијата нужно е R0 да биде под 1. И германската канцеларка Ангела Меркел во детали објаснуваше дека секое надминување на критичната граница за секој 0.1 ќе значи подоцен и поголем пик на епидемијата во земјата, а со тоа и одложување на враќањето во нормала, па дури и неопходност од враќање на строгите рестриктивни мерки.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Од друга страна, само во средата RKI објави дека степенот на репродукција на вирусот е 0.65. Постојаниот раст забележан заклучно сабота, велат од Институтот, се должи на укинувањето на повеќе рестрикции и неколкудневните охрабрувачки новости за намалено ширење на вирусот.

„Поради зголемената проценета R0 вредност, неопходно е следниве неколку дена многу внимателно да го следиме развојот“, се вели во соопштението на RKI.

Германија досега има повеќе од 170.000 потврдени случаи и 7.500 пoчинaти. Повеќе од 144.000 се оздравени.

Во светот, според Worldometers, бројот на потврдени случаи надмина 4.1 милиони. Над 280 илјади се пoчинaти, а над 1.44 милиони се оздравени од коронавирусот.

- Реклама -