За што не смеете да ги критикувате жените

Критики Постојат некои нешта кои се забранети за критика кај жените, дури и ако апсолутно сте во право и спротивното никогаш не би можело да се докаже. Се разбира момци, ова важи само доколку сакате да си имате мирен и убав живот.


Постојат некои нешта кои се забранети за критика кај жените, дури и ако апсолутно сте во право и спротивното никогаш не би можело да се докаже. Се разбира момци, ова важи само доколку сакате да си имате мирен и убав живот.

Критики1. Тежината

Никоја жена не сака да чуе дека ставила некој килограм плус, дури и тоа да е вистина, а таа воопшто да не е свесна за тоа. Во краен случај, дури и да се работи за жена која сака да знае кога ја накачила тежината, последен од кој сака да го чуе тоа е некој маж, без разлика дали е во врска со него или се добри пријатели.

2. Облеката

Заборавете го критикувањето на облеката во потполност. Но, ова не завршува тука. Треба да имате на ум дека и кога давате комплименти за облеката, тие треба да бидат ограничени на „изгледаш добро“ или „добро ти стои“, зашто ако се обидете да навлезете во специфики, ќе завршите со изнервиран соговорник. Не заборавајте, жените и онака се облекуваат за да ги импресионираат другите жени, а не вас!

3. Пријателите и семејството

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Секој човек ги смета пријателите како продолжение на сопствената личност, па затоа, кога критикувате нечии пријатели, во суштина го критикувате неговиот вкус. Можете да навестите дека некој не ви се допаѓа, со тонот со кој го изговарате неговото име, но никогаш отворено не смеете да го критикувате. А, ако се обидете да го сторите истото со членови од семејството, можете само да претпоставите колку полошо ќе си поминете.

4. Возењето

Заборавете го стереотипот дека жените се лоши возачи. Факт е дека секој маж мисли дека е подобар возач од својата партнерка. Но, дури и кога тоа е вистина, тогаш не би требало да го искажува истото. Дури и ако отворено ги посочи сите недостатоци во техниката на возење, тоа ништо нема да промени, а самиот ќе се стави во незгодна ситуација. Едноставно речено, некои нешта е подобро да останат недоречени….

- Реклама -