За сигналите од ЕУ: Бљак!

Пишува Гордан Георгиев за „Дојче веле“

Се обидовме државнички. Го сменивме името. Ни рекоа дека сме покажале визија, државништво, дека сме ја отвориле вратата на иднината. Плус, го лажеа Заев в лице дека сигурно ќе отпочнеме преговори. А го лажеа тие коишто не одлучуваат за тоа дали ќе започнеме преговори (Хан, Туск, Могерини). Потоа пробавме со закани. Ќе се наруши стабилноста на регионот, па како Србија и Косово ќе се договорат ако нас не не’ наградите?!? Па дека ќе паднела владата на Заев ако не добиеме датум, па ќе се врател Груевски, па може и војна да имало. На крајот ни преостана лигавење, а тоа само по себе е најлигавата можна форма на политички притисок. Што и да се случело, за нас сонцето изгревало на Запад. Овие бљак формулации на Бујар Османи се една од причините за нашата сервилност и неуспех во градењето кредибилна политичка позиција. Сме имале состанок со историјата, уште една бљак формулација на Никола Димитров. Не, немаме состанок со историјата и не сакаме да одиме на таков состанок со историјата. Историјата ни ја пишуваат други, преку рамковната позиција изгласана со огромно мнозинство во бугарскиот парламент. Сменивме име заради ЕУ и сега малку незгодно ќе биде да извисиме, вели отприлика Стево Пендаровски. Ок, сето ова е точно, доколку извисиме. Но ние мораме нешто да направиме. Најлесно е да одиме на предвремени парламентарни избори и да се преброиме. А за што ќе се броиме? За каде? И кој ќе дојде на власт потоа? Овие што ќе го вратат вековното име доколку добијат двотретинско мнозинство? И ќе не’ отпишат од НАТО? Бљак.

Понижување

Македонците повторно изгледа ќе си ги лижат раните, чекајќи ја новата (француска) методологија за преговарање, или, во превод од француски на македонски: не не’ интересирате, јавете се за една година… Колумната продолжува ТУКА.

- Реклама -