За супер домаќинки: Со едноставни трикови до беспрекорно чист дом

Никој не сака неред и нечистотија, особено кога станува збор за тврдокорни дамки од кои ве заболува главата. Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да се решите од овие работи брзо и лесно.

Дамките се најголемиот проблем при перењето на облеката, а најнепријатни се кога се предизвикани од гума за жвакање, восок или мрсна храна Во ваквите случаеви, најдобро е најпрво да го оставите извалканото место добро да се исуши, по што ќе се обидете да го истругате онолку колку што е возможно. Потоа на самото место ставете весник, низ кој ќе поминете неколку пати со загреана пегла, за дамката целосно да исчезне.

Ја перевте долната облека. но на неа се уште има дамки? Ништо страшно, само посипете ја со бебешка пудра, малку почекајте, и истресете ја.

За блескави завеси послужете се со прашок за пециво. Пред перењето, завесата ставете ја во вода во која сте го истуриле пецивото. На три литри вода, оди една кесичка прашок, а завесите треба да отстојат една ноќ.

- Реклама -