Дали го сфаќате и вие животот премногу сериозно?
Можеби токму тоа е една од главните причини поради кои што не се чувствуваме среќни. Ајде да погледнеме неколку премногу сериозни аспекти на животот од друг агол, прекршени во чувството за хумор.
1. Единственото што ги обединува сите луѓе, без оглед на нивната возраст, пол, религија, економско и етничко потекло, е тоа што длабоко во себе веруваат дека се добри возачи.
2. Никогаш нема да најдете човек кој ќе ви даде јасна и убедлива причина зошто минуваме од зимско кон летно време.
3. Ударот на грбот е оддалечен само неколку сантиметри од удар по газот.
4. Не кажувајте ништо ако не сте целосно убедени дека сите околу вас го делат истото мислење, или немате многу пари.
5. Парите не можат да купат среќа, но значително е поудобно да плачете во Мерцедес отколку на велосипед.
6. Помогнете му на некој во неволја и тој ќе си спомнува за вас, секој пат кога паѓа во слична ситуација.
7. Секој човек е душман за некој друг.
8. Многу луѓе се уште се живи, бидејќи убиството се води за кривично дело со долгорочна пресуда.
9. Научете да возите со колена. Така ќе можете да пушите, зборувате на мобилен телефон, да читате, да вечерате, да си ставате шминка, да вежбате јога и сл, додека возите.
10. Кажете ми што ви треба, а јас ќе ви дадам совет како да живеете без тоа.
11. Јас немам проблем со односите, имам проблем со начинот на кој ги гледам другите.
12. Јас не страдам од стресот. Јас сум негов преносител.
13. Никогаш и под никакви околности не земајте хипнотици и лаксави во иста вечер.
14. Не се грижете за тоа што мислат луѓето, тие не го прават тоа многу често.
15. Имам еден сон, поврзан со домаќинството – да може станот да се чисти со еден поглед.
16. Јадете здраво, спортувајте повеќе, иако, секако, ќе умрете.
17. Балансирана исхрана – по еден чоколаден колач во секоја рака.
18. Просечната возраст се препознава кога широката свест и тесната половината си ги менуваат димензиите.
19. Ѓубре е она нешто што ги чувате со години, и го фрлате неколку дена пред да ви затреба.
20. Лудило е да го правите истото со години и да очекувате различни резултати.
21. Секогаш има еден идиот повеќе отколку што сте претпоставувале.
22. Искуството е нешто прекрасно. Тоа ви дава можност да препознаете една грешка кога ќе ја повторите.
23. Никој не размислува за тоа дали танцувате смешно. Затоа едноставно танцувајте!
24. Не се фармерките виновни што изгледате дебело.
25. Ако треба со еден збор да се утврди причината поради која што човештвото не го развило својот полн потенцијал, тоа би била „мрзеливоста“.